Црна хроника
Одзел пари од каса и потоа лажно пријавил дека го ограбиле
Осумнаесегодишен скопјанец одзел 35.000 денари од каса во продавницата во која работел, а потоа лажно пријавил во полиција дека го ограбиле, соопшти Министерството за внатрешни работи.
И.С. на 11-ти минатиот месец во полициската станица Драчево пријавил дека во близина на маркетот „Стокомак” двајца непознати сторители го нападнале и му одзеле паричник во кој имало 35.000 денари, доверени пари од дневен промет од продавницата „Вимбо Комерц” и два мобилни телефони.
Со цел за утврдување на наводите на И.С., полицијата извршила оперативни проверки и утврдила дека кривичното дело „разбојништво” не е извршено, а доверените пари од дневниот промет ги задржал за себе и истите ги сокрил во неговата соба од семејната куќа.
Истиот ден И.С. во разговор со полицијата го признал делото и појаснил дека лажно пријавил кривично дело со цел да ги присвои доверените пари, а мобилните телефони имал намера да ги чува дома некое време и потоа пак да ги користи.
Полицијата ги одзела парите од И.С. и истите му биле вратени на сопственикот на продавницата.
Против И.С. е поднесена кривична пријава под сомнение дека сторил кривични дела „лажно пријавување” и „затајување”.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.