Црна хроника
Притворен еден од разбојниците што ја ограбија златарата во Струга
Полицијата го притвори триесет иседумгодишниот П.Д. од село Радолишта, струшко, поради основано сомнение дека бил учесник во грабежот на златарата во Струга што се случи на 30-ти април. Против него и уште против четири за сега непознати лица е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, четворицата пријавени извршија разбојништво во златара „Циркон” во Струга на крајот на минатиот месец при што одзедоа поголема количина разновиден златен накит, според кажување на сопственикот во вредност од околу 420.000 евра.
Во грабежот тројца вработени во златарата беа повредени од огнено оружје.
Како што информира МВР, неколку дена пред извршувањето на делото П.Д. од лице од Радолишта купил патничко моторно возило марка „Ауди-100″ без регистарски таблици при што побарал да бидат извршени неколку измени-сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот како и ставање на лажни регистарски таблици.
Возилото било пронајдено по извршување на кривичното дело во близина на македонско-албанската граница.
Основниот суд Струга на П.Д. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против него МВР има поднесено кривични пријави за сторени слични кривични дела.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.