Црна хроника
Сакал да поткупи полицаец со 300 денари за да не му пише казна

Скопјанец се обидел да поткупи полицаец со 300 денари за да не му пише казна за сообраќаен прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 16-ти минатиот месец, 28-годишниот Т.Д. бил затекнат од страна на полициски службеник како управува нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола во населба Драчево.
Во моментот додека полицаецот пишувал записник и казна, Т.Д. извадил три банкноти во апоени од по 100 денари и му ги ставил во џебот од ветровката на полицискиот службеник за да ги искине записниците.
Поради обидот за поткуп, Т.Д. бил уапсен, а против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп”./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.