Црна хроника
Македонски државјанин – организатор на трговија со луѓе во САД

Во Албанија е откриена организирана група за трговија со луѓе, која на нелегален начин пренесувала млади во САД.
Албанските медиуми јавија дека според првичните истражни дејствија, по откривањето на групата која брои 15 лица, има сомнежи дека организатор бил македонскиот државјанин Нертил Первизи од струшкото село Делогожда.
Истите извори кои се повикуваат на албанските истражни органи наведуваат дека нелегалната трговија со луѓе за САД била реализирана во два правци. Првиот од Италија – Шпанија – Мексико – САД, а другиот на релација Бугарија – Шпанија – Коста Рика – Гватемала – Мексико – САД.
За нелегалното влегување во САД групата наплатувала од 20 до 24 илјади долари./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.