Црна хроника
Делчевец ја уценувал поранешната девојка дека ќе објави порнографско видео ако не му даде 300 евра
Дваесет идвегодишен делчевец ја уценувал поранешната девојка дека ќе објави нивни порнографски видеа и фотографии доколку не му даде 300 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
К.А. од Делчево повеќе пати и се заканувал на неговата поранешна девојка дека ќе објави видео клип кој бил снимен додека биле во љубовна врска и фотографии со непристојна порнографска содржина доколку не ја продолжи љубовната врска со него.
Откако оштетената го одбила во јануари годинава, прво и побарал 100 евра, а потоа ја зголемил сумата и побарал 300 евра со цел да не ги објави клипот и фотографиите кои ги поседувал.
На 18-ти јануари откако оштетената претходно го пријавила случајот во полиција и каде шест банкноти во апоени од по 50 евра биле криминалистичко технички обработени отишла пред куќата каде ја пречекал К.А. давајќи му ги банкнотите.
ПС Делчево поднесе кривична пријава против К.А. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.