Црна хроника
Запленети девизи, цигари, облека, сребрен накит, марихуана…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, облека, сребрени производи, бижутерија, ташни, марами, инсектициди, лепенки за гуми, батерии, разни ПВЦ производи, техничка стока, козметички производи, марихуана и фалсификати.
На аеродромот Александар Велики, при личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува за Тревизо, биле откриени 7.700 евра. На прашање на царинските службеници, патникот рекол дека носи девизи колку што е дозволено, но при извршен претрес, во џебот од неговата кошула пронајдени се 9.700 евра. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.
На граничниот премин Ново Село, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, биле откриени 19 грама марихуана. Под гумената стапка на задното лево седиште пронајдено е едно пакетче од 10 грама непозната материја, а помеѓу двете предни седишта до рачната сопирачка, во пакување од влажни марамици пронајдени се уште 9 грама од истата материја. При извршен проверка со тестер за наркотици утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана. Дрогата и автомобилот се предадени на Сектор за недозволена трговија со дрога при Министерствот за внатрешни работи.
Во два посебни случаи на граничниот премин Деве Баир, при контрола на две патнички возило со бугарски регистарски таблички, управувани од бугарски државјани, пријавени за излез од државата, биле откриени 40 штеки цигари со македонски акцизни маркички.
Во првиот случај пронајдени се 26 штеки цигари FILTER 5 blue, FILTER 57gold, PAL MAL BLUE и PAL MAL AMBER, а во вториот случај пронајдени се 14 штеки цигари FILTER 5 blue, EVA SLIMS, RODEO BLUE и BENSTON WHITE. Цигарите се пронајдени во праговите и во фабричка празнина во багажниот простор на возилата.
На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со италијански регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, биле откриени 1.368 модни додатоци-бижутерија (гердани, алки, шноли и друго), 15 часовници, 21 пара наочари за сонце, 7 употребувани мобилни телефони и 16 употребувани сребрени предмети (накит и лажички) со маса од 106,25 грама.
Непријавените производи пронајдени се во рачна ташна на сопатникот, исто така македонски државјанин, како и во багажниот простор на возилото, помеѓу личните работи на патниците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

