Црна хроника
Златен накит вреден над милион денари запленет на Табановце
Царинските службеници во петок на граничниот премин Табановце запленија околу 700 грама златен накит вреден околу 1,2 милиони денари, соопшти Царинска управа.
Царинските службеници во петок на граничниот премин Табановце запленија околу 700 грама златен накит вреден околу 1,2 милиони денари, соопшти Царинска управа.
Накитот бил откриен во автомобил марка „фиат“ со српски регистарски ознаки управувано од српскиот државјанин З.К. кој се пријавил за излез од државата вчера во 10,30 часот. Со него било и лицето И.М., исто така српски државјанин.
Откако на прашање на царински службеник одговориле дека немаат ништо за пријавување, при преглед на возилото, во фабричка шуплина позади касетата пред совозачкото седиште, царинските службеници пронашле две најлонски опаковки. Во едната опаковка залепена со кафеава селотејп трака биле пронајдени 110 парчиња златен со вкупна тежина од околу 662,6 грама, додека во втората пронајдени се едно парче Drive Box Activator-Deactivator и осум парчиња калауз клучеви.
Осомничените златото го набавиле во Грција, од друг српски државјанин, коe живее и работи во Солун, со намера да го продаваат во Србија. Со истото лице се договoриле да му пренесат и осум калауз клучеви и еден деактиватор, со цел за таа услуга да им ја намали цената на златото.
Вредноста на непријавениот златен накит изнесува 1,225,810 денари.
Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.