Црна хроника
35 лица го прекршиле полицискиот час, 513 казни за неносење маска
35 лица не ја почитувале забраната за движење, на сила од вчера во 20 часот до 5 часот утрово.
Како што информираат од МВР, во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани биле 513 прекршоци.
Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен турски државјанин на Деве Баир поради фалсификувана зелена карта
Вчера во 05:30 часот на граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 55-годишен државјанин на Р. Турција.
Како што информираат надлежните, станува збор за З.А. (55), кој управувал товарно возило даф со полуприколка со турски национални ознаки. При извршена гранична контрола било утврдено дека меѓународната зелена карта за осигурување на полуприколката, која ја приложил на увид, била фалсификувана.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

