Црна хроника
413 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи. Од нив, 33 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 226 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 187 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото е дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Црна хроника
Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква

Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.