Црна хроника
42 лица не го почитувале полицискиот час – од нив 37 приведени
Во изминатото деноноќие 42 лица не го почитувале полицискиот час поради што, 37 од нив се приведени во полициска станица и казнети, 50 граѓани добиле решенија за изолација, а 19 потпишале изјава за самоизолација. За ова информира министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, според кого, граѓаните се одговорни, совени и свесни за ситуацијата со коронавирусот и забрананите што се во сила.
„Во однос на забраната за движење на ниво на целата држава, 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за другите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката“, информира Чулев.
Во државен карантин се спроведени 13 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.