Црна хроника
47 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на државата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци.
На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

