Црна хроника
49-годишна скопјанка истепана од својот брат, се расчистува случајот

Вчера во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на први април околу 21.00 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот брат, 44-годишниот К.М. од Скопје, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: кривична против стружанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
Црна хроника
Украдени пари од црква во Струшко

Вчера во 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св.Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, и биле одземени пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Младо момче од Липково со автомобил удри во 91-годишен пешак, префрлен е во болница

Несреќа се случи вчера околу 13 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово.
Дваесет и двегодишниот Ќ. С. од Липково со „мерцедес“ удрил во пешакот Т. Д. (91) од Куманово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово, велат од МВР.
Извршен е увид.