Црна хроника
52-годишник од Гостиварско измамен за 2.000 евра: уплатил пари за да земе кредит
Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка.
Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии.
Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

