Црна хроника
57 казни за брзо возење во Битола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/policija-brzo-vozenje.jpg)
Денеска (30.12.2022) во времето од 10:00 -14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 57возачи.
Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Грабеж во Чаир: искршени апарати за игри на среќа и украдени пари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Во скопската населба Чаир во текот на вчерашниот ден имало грабеж во спортска обложувачница.
„На 09.02.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тинејџер заврши на клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/policija-slika.jpg)
Тинејџер заврши на комплексот клиники во Скопје по инцидент што се случил синоќа по полноќ.
Според пријавата на мајката, момчето излегло од ноќен клуб на подрачјето на Центар, и му биле одземени патиките и јакната.
Од МВР велат дека тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ кадешто му била укажана помош, иако нема посочено детали дали му биле нанесени повреди и од каква природа.
Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.
Црна хроника
Измама во Ресен за 20 тони јаболка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/jabolka.jpeg)
Полицијата поднесе кривична пријава против У.А.(38) од Ресен поради измама.
На 18.01.2025 пријавениот довел во заблуда едно лице дека ќе му продаде 20 тона јаболка за 183.000 денари, но откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетениот, велат од МВР.