Црна хроника
62 санкции за пребрзо возење на територијата на Тетово
Денеска, во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзината со која возилата се движат, во која биле откриени и санкционирани вкупно 62 возачи за пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ – 42 и ГВ – 20).
Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ – 2 и ГВ – 1), а 23 од 50 до 70 километри на час над дозволеното.
Покрај ова, соопштија од МВР, санкционирани се и 9 возачи за пречекорувања во населено место(ТЕ – 6 и ГВ – 3), од кои 1 (ТЕ) за 50 километри на час.
Според полицијата, биле санкционирани и 5 возачи за други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ – 2 и ГВ – 3).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

