Црна хроника
64 годишен државјанин на Турција уапсен на граничниот премин „Деве Баир“

64 годишен државјанин на Турција бил задржан на граничниот премин „Деве Баир“ поради фалсификувани зелени карти, соопшти полицијата.
Од МВР додаваат дека 64 годишниот маж управувал товарно возило „Рено“ со полуприколка со турска национална ознака, а отакако бил задржан при контрола и увид во приложените меѓународни зелени карти за осигурување од автоодговорност, било констатирано дека се работи за фалсификувани зелени карти.
Лицето веднаш било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од полициката станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто Оризари. Жртвата со тешки повреди и скршеници е пренесен во болница. Едниот насилник е уапсен, останатите двајца се во бегство.
Обвинителството отвори истрага против лицата.
„На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го паркирал возилото пред влезната врата на објектот, тројцата осомничени го нападнале од зад грб, видно агресивни без посебен повод или причина. Започнале да го удираат со дрвени и железни палки, клоци и боксови по главата и по телото, нанесувајќи и на жртвата тешки телесни повреди – фрактури на повеќе коски. Со насилството била предизвикана вознемиреност и страв и кај други лица – сведоци на настанот“, соопшти Обвинителството.
До овој момент, уапсен е еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за определување мерка притвор до Судот, поради можноста да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците и врз оштетениот.
Останатите двајца осомничени се идентификувани, станува збор две лица од Сингелиќ на возраст од 38 и 40 години, но се во бегство од моментот на извршување на делото, па јавниот обвинител издава насоки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.
Црна хроника
Двајца малолетници од Лабуништа направија сообраќајна несреќа, едниот возел мотор, другиот тротинет

Во селото Лабуништа, Струшко, се случи сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници.
Едниот управувал мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, а вториот – електричен тротинет. Двајцата се од Лабуништа, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид.
Црна хроника
Полицаецот ги користел запленетите пари и накит за да си отплати долгови, па рекол дека шкафот му е обиен – Обвинителството со детали

Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против полицаецот од Гостивар кој украл накит и пари запленети при претреси.
Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични средства во износ од 25.000 евра и златен накит кои тој ги фотографирал и подигнал.
По извршениот увид во рамките на своите службени должности настанот и предметите уредно биле внесени во дневната книга на настани и ЦЕМС системот.
„Осомничениот направил неколку обиди да ги предаде предметите на надлежниот јавен обвинител, но поради немање услови за чување во обвинителството, по насоки на јавен обвинител тој ги заклучил во неговиот шкаф во работната просторија. Предметите биле таму сѐ до моментот кога, иако му биле доверени во службата, одлучил да ги присвои. Така во неколку наврати подигнувал дел од парите и од златниот накит што го разменувал во златарница за парични средства кои понатаму ги користел за отплаќање на долгови. За да ги сокрие трагите, осомничениот ја извадил бравата од шкафот во неговата работна просторија и исценирал дека истиот е обиен“, соопшти Обвинителството.
Во текот на вчерашниот ден, кога неговите колеги го известиле за настанот, односно дека се прави увид во неговата канцеларија заради обиениот шкаф, тој дошол и го признал делото изразувајќи каење.
Предметниот обвинител на судијата на претходна постапка ќе му предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.