Црна хроника
65 санкции за брзо возење во Битола
Денеска, во периодот од 10 до 14 часот, на територијата на Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање возачи што управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 65 возачи.
Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник ограбен со закани на игралиште во Центар – едниот од напаѓачите бил вооружен со остар предмет
На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој бил во друштво со двајца другари.
Едниот од сторителите, според пријавата, се заканувал со остар предмет.
Инцидентот го пријавил таткото на оштетениот, а според неговата пријава, од син му со закани биле одземени пари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Му ветувале посредништво за престој во државата и документи за работа: маж од Турција измамен за сума од над 6. 000 евра
Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра.
Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен на нотар.
Откако лицето не му се јавило подолг период сфатил дека бил измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кавадарчанец повреден при работа во фабрика, пренесен е во болница
Вчера во Општата болница во Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен 34-годишниот А.М. од селото Ваташа.
Според пријавата, мажот се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во една фабрика на територијата на градот.
Веднаш по пријавувањето на инцидентот, биле известени јавниот обвинител и трудовиот инспектор. На местото на настанот увид извршила и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

