Црна хроника
689 казни за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.