Црна хроника
71-годишен возач на трактор заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В. (37) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
Според пријавата, на 8 август 2025 година, во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.
По документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Кривична пријава поради небезбедни услови за работа, двајца повредени на скеле во Липково
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (48) од Скопје, управител на фирма, поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.
Според пријавата, на 14 декември 2024 година, на објект во изградба во село Липково, пријавениот не постапил согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа.
Поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно монтажно скеле, дошло до пукање на конструкцијата, при што двајца работници се здобиле со повреди.
Полицијата наведе дека случајот е целосно документиран и ќе биде доставен до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Kумановка платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција
Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР.
Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително.
По неколку неуспешни обиди да го контактира, осомничениот ѝ соопштил дека не може да ги обезбеди документите за патувањето, а подоцна престанал да одговара на нејзините повици.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

