Црна хроника
72-годишен маж од Неготино почина во водите на Преспанското Езеро
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/prespa.jpg)
72-годишен маж од Неготино починал во водите на Преспанското Езеро. Како што информира МВР, вчера во 11.05 часот во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот „Крани“, има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ. Д. (72) од Неготино околу 10.50 часот влегол во водите на Преспанското Езеро, му се слошило и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Вчера во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Се бара притвор за велешанец, кој се обидел да силува жена во возило во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija-MVR.jpg)
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал.
Бидејќи постојат околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга, повредени четири лица, од кои тројца полицајци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-5.jpg)
Вчера околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат“ и ул.,,Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник – Д.К.(27) од Скопје и возачот М.А., констатирани во Општа болница Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.