Црна хроника
76-годишна жена од Скопје тешко повредена по удар од мотоцикл
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Новопроектирана“, мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(24) од с.Волково, скопско, удрил во А.К.(76) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
71-годишен штипјанец ја тепал партнерката
Вчера во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.И. (71) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата партнерка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Дефендер“ на МВР се судри со автомобил, повредено е дете
Денес во 10.06 часот во полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ – Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Црна хроника
Во двор во куќа во Арачиново фрлени две шишиња со запалива материја
Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, биле фрлени две шишиња со запалива материја.
Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.