Црна хроника
76 санкции за прекршоци на возачи на мотоцикли во Скопје, одземени пет мотоцикли
Денеска (18.06.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во содејство со Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
При тоа санкционирани се 76 возачи и тоа, 23 за возење без кацига, 14 за возење без возачка потврда, 7 нерегистрирани возила…
Привремено се одземени 5 мотоцикли поради истек на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Кичево и општина Старо Нагоричане: возеле под дејство на алкохол
Вчера во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер, во 22:10 часoт во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.С.(48) од Куманово. При сообраќајна контрола е сопрено возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Според пријавеното, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја истепал поранешната партнерка и насилно ја исфлил од автомобилот
Скопското Обвинителство поведе постапка против едно лице за телесна повреда.
„Осомничениот на 4 јануари, при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента“, соопшти Обвинителството.
Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош.
Јавниот обвинител предложи од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.

