Црна хроника
786 казни за брзо возење на територијата на цела држава

Казни за 786 возила на територијата на целата држава поради возење над дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час, повеќе од дозволеното, а 24 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР.
Од таму апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Напад со нож во Струшко, уапсен 18-годишник

Вчера во 20 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е 18-годишниот А.А. од струшкото село Франгово кој се сомничи дека претходно, во селото Долна Белица, физички, а потоа и со нож го нападнал Ф.Р.(60) од истото село.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претреси во гостиварско, пронајдена дрога, уапсени двајца дилери

Вчера во 12 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од село Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во с. Здуње и при тоа била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, на 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од с.Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории и при тоа биле пронајдени и одземени марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.