Црна хроника
84-годишник со тврд предмет нападнал малолетник во Ласкарци
Малолетник доцна синоќа бил нападнат од 84-годишник во село Ласкарци.
– На 15.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.Х.(40) од село Ласкарци, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот во селото неговиот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од М.М.(84), информираа од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против три лица од Гостивар, по претходна расправија истепале тројца малолетници
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Д., 19-годишниот А.Д. и малолетник, сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР.
На 15.08.2024 во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници, додаваат од МВР.
Црна хроника
Маж паднал додека работел на кровот на својата куќа, со тешки повреди е пренесен на Клиника
Вчера во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека околу 19.45 часот, 72-годишниот К.Д., додека работел на кровот од сопствената куќа, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, извести МВР.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец пријавил во полиција дека два пати во иста вечер бил нападнат во центарот на градот
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, 44-годишниот С.Н. од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице, извести МВР.
„На 13.09.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, С.Н., исто така, пријавил дека околу 22.30 часот, додека бил со неговиот брат Б.Н. и пријателот Т.Н. и чекал пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, биле физички нападнати од неколку лица“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.