Црна хроника
88 санкции за брзо возење на автопатот Скопје-Тетово

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (23.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се 88 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Тетово.
„ Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вo Тетово го уапсија К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија.
За ова кривично дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.
Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.
Црна хроника
Приведен криминалец осуден на седум и пол години затвор

Приведен е криминалец кој бил осуден на седум и пол години затвор, информираа од Mинистерството за внатрешни работи.
Според информациите од таму, денеска околу 17 часот, во тетовското село Ратае, полициски службеници на секторот за меѓународна полициска соработка, со помош на полициски службеници од СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопското село Коњаре.
Лицето, како што истакнуваат од МВР, билo осудено на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела тешка кражба, од Кривичниот законик.
„По приведувањето, реализирано со судска наредба, С.М. ќе биде спроведен во затворот ‘Идризово’ во Скопје за издржување на казната“, велат од МВР.
Црна хроника
Беровци во продавница правеле прослава, пријава за 14 лица

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица од беровското село Двориште затоа што за Стара Нова година, односно Василица, биле затекнати на прослава во продавница.
Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против Ј. К. (40), Х. М. (21), К. С. (41), Д. К. (54), Д. М. (43), С. К. (37), З. Ч. (40), Т. К. (31), П. К. (58), Б. П. (30), Б. К. (25), Н. Џ. (22), Д. Џ. (26) и Т. К. (40), сите од село Двориште, Беровско, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Пријавените, на 13 јануари, околу 1 часот по полноќ, во продавница во селото Двориште организирале прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување ширење на заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“