Црна хроника
88-годишна жена од Северна Ирска почина во Битола

Вчера во СВР Битола Д.П.(55) од Битола пријавил дека во дом на ул.„Цветан Димов” во Битола починала Е.К.(88) од Северна Ирска, со престој во Битола.
Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен битолчанец: при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

Вчера во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 38-годишниот В.Г. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР.
В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик.
Претходно, управувајќи „хјундаи“ удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. По преземени мерки било констатирано дека возел без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пронајдени седум мигранти од Египет, приведен шверцерот

Вчера во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје.
При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.