Црна хроника
Амбулантно возило кое пренесувало дете, удрило во камион, возачот тешко повреден
Возило на Брза помош од Радовиш удрило во камион додека пренесувало пациент, двегодишно детенце.
Во сообраќајката што се случила во вторникот вечерта околу 22 часот на патот Радовиш-Штип кај местото Дамјан, тешко повреден е возачот на амбулантното возило, додека полесно повреден е возачот на камионот и двајца сопатници од возилото на Брза помош. Детенцето минало без видливи повреди.Сообраќајката се случила кога амбулантното возило марка „пежо“ од засега непознати причини удрило во задниот десен дел од камионот марка „МАН“, по што товарното возило преминало на левата страна од коловозот. Четириесетгодишниот возач на патничкото возило М.Ј.се здобил со фрактура, додека двајцата сопатници, триесетгодишниот К.С. и триесет ичетиригодишниот М.С. се здобиле со полесни повреди. Со телесни повреди поминал и педесет и етиригодишниот возач на камионот Б.Т.Извршен е увид на ,лице место и се утврдуваат причините за несреќата.Во текот на вторникот се случиле уште две сообраќајни несреќи во кои две лица се тешко повредени.Едната сообраќајка се случила во вторникот околу 8 часот кај Пробиштип кога , четириесетгодишен возач на „голф“ изгубил контрола и преминал на левата лента на коловозот, по што се здобил со тешки повреди.Во ургентниот центар во Скопје завршила и триесет и седумгодишна велешанка која управувала мотоцикл. Несреќата се случила во вторникот околу 19 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. Автомобил „опел корса“ удрил во жената, па поради тешките повреди од велешката болница била пренесна во Скопје./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

