Црна хроника
Арамија украл пари и цигари во вредност од над милион денари од „Агромаркетинг“

Арамија украл пари и пакети цигари од „Агромаркетинг“ Битола во вредност од над еден милион денари.
Кражбата се случила во неделата вечерта околу полноќ, кога сторителот го исекол лимениот покрив и влегол во „Агромаркетинг“. Украл 698.370 денари и 12 пакети различни видови цигари, стекнувајќи се со противправна имотна корист 1.037.870 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен ресенчанец, возел под дејство на алкохол

Денеска во 00.40 часот на улицата „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.
При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
За осум часа казнети 76 возачи во Скопје, 20 од нив возеле мотоцикли

Синоќа од страна во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата во Скопје повторно спроведе засилена сообраќајна контрола на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
„За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит“, извести Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје.
„На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано ’Скокото’ кај Равна река, Пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор ’МТ 533’ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидна екипа од ОВР Берово.