Црна хроника
Белграѓанка загина во сообраќајка кај Демир Капија, повредени бебе и тригодишно дете
Возрасна жена од Белград смртно настрада во сообраќајната несреќа којашто се случи во неделата кај Демир Капија, во која се повредени уште четири лица од кои бебе и тригодишно дете.
Според полицијата, жртвата е 63-годишната Миланка К. од Белград која починала на самото место на несреќата од здобиените повреди, откако автомобилот „цитроен“ со српски регистарски таблички кој го управувал 40-годишниот белграѓанец М.К. излетал од коловозот.
Во несреќата покрај возачот, со повреди се здобила и неговата сопруга 38-годишната А.К., како и нивните две малолетни деца, дветмесечно бебе и тригодишно дете.
Повредените по укажаната лекарска помош во велешката болница, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата ги утврдува причините за несреќата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.