Црна хроника
Бучковски осуден на две години затвор за случајот „Тенковски делови“
Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенковски делови“.
Со ваквата пресуда на Апелациониот суд казната на Бучковски се намалува за една година. Во јули 2013 година Основниот суд Скопје 1 за истиот случај го осуди на три години затвор.
„Обвинетиот В.Б. од Скопје кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривичото дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ се осудува на казна затвор во траење од две години“, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Покрај Бучковски двегодишна казна затвор доби и поранешниот началник на генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, кој исто така, со првостепената пресуда беше осуден на три години затвор.Тие се осудени за набавка на тенковски делови вредни над два милиони евра и за набавка на повеќе од потребните резервни делови за тенковите.
Бучковски најави дека ќе ја обжали пресудата пред Врховен суд.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.