Црна хроника
Бугарки вршеле џепни кражби низ Скопје
СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишните бугарски државјанки Е.С.Е и А.Х.С, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела „џепна кражба“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 13 илјади денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по осум дена.
Имено на 20-ти минатиот месец околу 11 часот, на бул. „Партизански Одреди“ поточно на автобуската постојка наспроти Градежниот факултет, горепријавените ја забележале оштетената како се качува во автобус на ЈСП број 22 кој се движел во правец кон Центар.
Пријавените искористувајќи ја гужвата што се створила при качување во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до истата и додека второпријавената се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на раката во десниот џеб од јакната и го украла мобилниот телефон.
По извршувањето на првото кривично дело пријавените истиот ден околу 13 часот се упатиле на бул. „Мајка Тереза“ поточно на автобуската постојка пред Клиничкиот центар каде го извршиле второто кривично дело. Искористувајќи ја створената гужва на автобуската постојка тие се доближиле до оштетената која сакала да се качи во автобусот и повторно додека второпријавената се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на раката во ташната што ја носела на левото рамо и украле еден женски паричник во кој имало пари и лични документи.
Веднаш по извршувањето на второто кривично дело на автобуската постојка кај Клиничкиот центар Мајка Тереза, пријавените биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД-МД Центар и Бит Пазар по што истите се приведени во ПС ОН „Центар“. Со истите бил извршен разговор, а со потврда украдените предмети биле одземени и вратени се на оштетените./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.