Контакт

Црна хроника

Чех сакал да плати гориво на пумпа со фалсификувани евра

Објавено пред

Камионџија од Чешка се обидел да плати нафта на бензинска пумпа во Македонија со фалсификувани евра.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како што соопшти полицијата, 52 годишниот И.М. од Плзен, Р.Чешка, управувајќи камион „мерцедес бенз“со приколка со чешки регистерски таблици, на 22 минатиот месец пристигнал на магистралниот пат – Качанички пат бб, на бензинската пумпа „Дизел“ сопственост на правното лице “Кап Корпорација“ Скопје. Откако во ТМВ наточил дизел гориво во вредност од 40.365. денари, не платил со картичка туку на вработениот му дал банкнота во апоен од 500 евра. Вработениот се посомневал во оригиналноста на банкнотата и го известил синот на сопственикот кој бил во непосредна близина заедно со уште еден вработен, при што и тие се посомневале во оригиналноста на банкнотата и му рекле да му ги вратат парите за да пријавениот ги смени во менувачница и да плати со денари. И.М. ја земал банкнотата од 500 евра и од возилото донел други банкноти, од кои две од по 200 евра и една од 100 евра за да плати, при што во меѓувреме вработениот ги запишал регистарските таблици од камионот, а кога вработениот ги однел банкнотите на синот на сопственикот на бензинската пумпа, овој повторно се посомневал во нивната оригиналност, но пријавениотвеќе бил заминат.

 

Со цел да се провери нивната оригиналност, ги однеле банкнотите во менувачница, при што им било кажано дека двете банкноти во апоени од по 200 евра не се оригинални, додека банкнотата во апоен од 100 евра била оригинална. По ова веднаш му било јавено на вработен од бензинската пумпа и тој бил упатен кон ГП Блаце за да провери дали возилото и возачот ја напуштиле Р.Македонија. Но на ГП Блаце му било кажано дека возилото ја напуштило Р.Македонија, по што истиот случајот го пријавил на полицискиот службеник.

 

Наредниот ден при влез во Р.Македонија, пријавениотИ.М. од страна на полициски службеници од ГП Блаце бил лишен од слобода и при прегледот на ТМВ, на совозачкото седиште во кабината била пронајдена една банкнота во апоен од 500 евра која со Потврда за привремено одземени предмети била одземена од пријавениот и предадена на СВР Скопје- ЕЕКК. 

 

Истиот ден, од СВР Скопје- ЕЕКК од вработените во бензинската пумпа со Записник за примање кривична пријава и со Потврда за привремено одземени предмети одземени се двете банкноти во апоени од по 200 евра, кои заедно со банкнотата од 500 евра се доставени до Народна Банка на РМ, Дирекција за трезорско работење, од каде е добиена експертиза во која е констатирано дека трите предметни банкноти се фалсификувани.

 

Од страна на Судија во претходна постапка на И.М. му е изреченаказна затвор во траење од две години, условно за пет години како и мерка – седум години протерување од Р.Македонија. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец

Објавено пред

Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.

dobivaj vesti na viber

Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.

По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител

Објавено пред

Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди

Објавено пред

Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија6 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија9 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија10 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија13 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура14 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет14 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...