Црна хроника
Четворица адвокати и извршител меѓу уапсените во Западна Македонија – ВИДЕО
Четворица адвокати и еден извршител се меѓу петнаесетмината уасени во Западна Македонија за сторени кривични „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Полицијата информира дека трага по уште четири лица поврзани со криминалната група.
Во среда, во рамки на оперативната акција на МВР со име „Чекан“, за сузбивање на организирана криминална група која дејствувала на подрачјето на западна Македонија, е поднесена кривична пријава против 19 лица: Ф.А.(49), А.M.(51), И.А.(44) ,Ф.М.(54), Р.С.(44), Ј.С.(24), Ф.С.(22), Ф.М.(27), A.З.(35), М.С.(25), И.М.(44), А.И.(34), Ф.Х.(56), М.А.(38), Х.И.(32), М.И.(43), И.Б.(43) Н.М.(41) сите од Гостивар и В.Ј.(50) од Скопје.
Меѓу нив осомничени се и четири адвокати и еден извршител, освен физичките кривично ќе биде гонето и едно правно лице, Друштво за угостителство, туризам трговија и услуги “Голден Плаце ММ”, ДООЕЛ-с. Маврово, чиј сопственик и управител е пријавената сопруга на првопријавениот организатор на групата.
Криминалната група организирана од страна на петтемина првосомничени, започнала да делува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Адвокатите и извршителот на организаторите им укажувале помош со изработка на фиктивни и други договори и документација.
Мотивот на криминалната група бил стекнување на противправна имотна корист од извршените кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број на сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување на недвижен имот, како и давање на незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените.
Организаторите на криминалната група со повеќе лица од Гостивар меѓу кои и сопственици на фирми, стапувале во должничко доверителски односи давајќи им различни суми на девизни парични средства како позајмици со лихварски камати од 8-20 % месечно, па откако ќе ги довеле во неликвидна економска состојба, им упатувале сериозни вербални закани, вршеле физички напади, а потоа ги терале да склучуваат фиктивни нотарски и адвокатски договори кои ги составувале адвокатите. Со вака склучените договори за купопродажба на недвижен имот или возила на неколку лица од Гостивар и околината, им го присвојувале нивниот недвижен имот или нивните возила, или со помош на извршителот покренувале и спроведувале постапки за извршување врз имотот на оштетените.
Од превземените мерки и активности преку финансиска анализа полицијата утврдила дека прво пријавениот, како главен организатор на криминланата група, успеал да пушти во оптек вкупно 862.298 евра за кои знаел дека се прибавени со казниво дело, но со цел да ја прикрие нивната локација, движење и сопственост ги користел сите сметки на негово име, како и жиро сметките од правното лице “ГОЛДЕН НАЈТ”. Од останатите извршени финансиски анализи за пријавените физички и правно лице се утврдило дека постои основано сомневање дека го сториле и кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“, претворајќи ги криминално стекнатите пари во недвижни и движна сопственост.
Утринава, биле извршени претреси на вкупно деветнаесет локации во Гостивар.
При спроведувањето на претрес на една од локациите, едниот од приведените пукал со огнено оружје кон полициските службеници.
До моментов во постапка за одземање се 20 возила, околу 43.510 евра, 12.080 швајцарски франци и 239.850 денари, четири пиштоли без дозвола, една ловна пушка, околу 60 куршуми, нож, боксирач, три рамки за пиштол, седум мобилни телефони, 11 СИМ картички, договори и предмети поврзани со оштетените лица, повеќе договори за заем на парачни средства, а утврдено е кривично дело кражба на струја.
Во моментов приведени се вкупно 15 од кривично пријавените лица, за две лица од извршените проверки полицијата утврдила дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, најверојатно поради приватни причини, а по две лица сè уште се трага.
Кривично пријавените лица во текот на денов ќе бидат спроведени пред Основниот Суд Скопје 1 Скопје.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.
Црна хроника
Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско
Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
„Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.
Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.
Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.
Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија“, стои во соопштението на Обвинителството.
Топ
18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело, информираат од Обвинителството.
„Осомничениот 18-годишник на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето.
По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.
При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.
Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.
Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување“, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство.

