Црна хроника
Чувар од Штип претепан и со тешки повреди пренесен на Клиника
Чувар на пумпи од Штип во понеделник попладне бил претепан и ограбен и со тешки повреди завршил во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти МВР.
Двајца разбојници го нападнале и му украле два мобилни телефони, откако не им дозволил да сечат дрва во близина на бунарите.
Го нападнале удрирајќи го со тупаници во главата. Повредениот педесет и тригодишен чувар бил пренесен во во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телени повреди по што истиот е препратен во Клинички центар Скопје.
Штипската полиција привела 16 годишно лице од Штип за кое постојат сомненија дека е можен сторител. По целосно документирање на случајот ќе биде поснесен соодветна пријава./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

