Црна хроника
Данец чувал во ладилник женски гениталии
Во стан во Јоханесбург, чиј сопственик бил трговец со оружје од Данска, полицијата на Јужноафриканската Република во ладилник открила делови од женски гениталии, поради што е обвинет за сексуален напад, семејно насилство и закани, се вели во полициското соопштение.
Полицијата верува дека 58-годишниот Петер Фредериксен, кој е баран во Данска поради нелегално продавање оружје, ги привлекувал своите жртви со соседната држава Лесото, ги успивал и потоа над нив изведувал оперативни зафати. Во неговиот стан минатата седмица, покрај делови од тела на жртви, бил пронајден анестетик и хируршка опрема.
„Повеќето од жртвите наводно се од Лесото. Во тек е истрага за тоа на кој начин успевал да ги намами во Јужноафриканската Република и кој бил неговиот мотив“, изјавил портпаролот на полицијата Хангвани Мулаудзи, пренесува Reuters.
„Утврдивме дека Фредериксен, кој во Блемфонтејн две години поседува продавница за оружје, во Данска е баран поради противзаконско продавање огнено оружје“, додал.
Според Мулаудзи, биле откриени 21 дел од тело, кои припаѓаат на 21 жена, а меѓу нив е и сопругата на осомничениот, и се работи на утврдување на идентитетот на другите 20 жртви.
Фредерискен ќе остане во притвор, а следниот понеделник ќе биде изведен пред судот во Блемфонтејн.
Според дански фотограф кој работел документарен материјал за неговото бегство пред полицијата во Данска кој во јуни годинава го посетил во ЈАР, станува збор за лице кое тврди дека има 63 години, кој имал сопруга од Лесото со којашто имал две деца, и бил пријавуван за семејно насилство и сексуално злоставување и повреди врз гениталиите. Бил уапсен во Лестото, откако сопругата ги повлекла обвиненијата. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.