Црна хроника
Даниел Трајковски и лани бил мета на напад, полицијата ништо не презела
Четириесет и шестгодишниот Даниел Трајковски, кој ноќта во понеделник во вторник беше ранет при бркотница со возила на булеварот Партизански одреди, уште лани пријавил во полиција дека има обид за негова ликвидација, но полицијата не презела ништо.
Трајковски тврдеше дека се работи за пресметка со него, и нарачан атак врз неговиот живот на 28 април минатата година од луѓе блиски на власта. Тој тогаш кажа дека со приватниот автомобил „Голф 5“ се движел во правец од хотел Александар Палас, кон Илинденска. Забележал „Фолсфаген Пасат“ со црна боја и затемнети стакла како во неговата лента му го пресекол патот и од автомобилот излегле две лица со маски на главата и со пиштоли почнале да пукаат кон него, по што слушнал два истрели од огнено оружје.
„Во тој момент се исплашив, додадов гас и удрив од десната страна на ‘пасатот’ и продолжив да се движам. Веднаш потоа го пријавив настанот во ПС Ѓорче Петров. Револтиран сум бидејќи досега нема ништо од истрагата. Во Полициската станица ми рекоа дека камерите не работеле. Мислам дека полицијата намерно не презема ништо за расветлување на настанот, бидејќи ќе се открие дека ова убиство сакаа да го сторат лица познати на властите“, кажа Трајковски минатата година.
Синоќа Трајковски повторно беше бркан од возило од кое беше пукано врз него и со четири куршуми, од кои една прострелна рана заврши на Клиничкиот центар во Скопје. Трајковски по оперативниот зафат според информации на А1он е контактибилен и е во свесна состојба. /крај/а1он
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

