Црна хроника
Дел од уапсените терористи ја потврдиле вмешаноста во нападот во Гошинце
Дел од лицата осомничени за тероризам ја потврдиле инволвираноста во нападот на полициската станица Гошинце, информира Министерството за внатрешни работи кое во неделата пронашло голема количина на оружје и муниција кои биле дел од украденото оружје од Гошинце.
Во разговорите осомничените го посочиле местото кај што го сокриле оружјето украдено од полициската станица. Во неделата биле извршени претреси на две локации во Малино Маало, село Брест, на отворен простор во импровизирани бункери.„При претресите пронајдена е поголема количина оружје и муниција и тоа: вкупно 61 парче автоматско оружје, од кои 21 автоматска пушка од украинско потекло, 35 автоматски пушки од југословенско потекло и една автоматска пушка од кинеско потекло, една полуавтоматска пушка и три пушкомитралези, вкупно осум сандаци со муниција калибар 7,62 од кои седум се пломбирани сандаци со муниција и еден е отворен. Од првично направените проверки утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР на РМ, односно оружјето кое било одземено од страна на криминално-терористичката група од ПС за ГН Гошинце на 21.04.2015 година“, соопштуваат од МВР.Пронајденото оружје дополнително ќе се вештачи за да се потврдат сомненијата дека станува збор за истото оружје од Гошинце. Дел од оружјето од Гошинце беше најдено на 26 април при претрес во објекти во село Брест кај лице кое било осомничено за нападот во Гошинце.На 21-ви април, според МВР, група од 40-тина лица ја нападната караулата во Гошинце, врзаа тројца полицајци од караулата, а еден го оставиле одврзан и на заминување им рекле да се ослободат половина час откако ќе заминат напаѓачите. Им порачале дека не признаваат никаков Охридски договор и дека сакаат своја држава.Во саботата и неделата во судир меѓу полицијата и вооружена група во Куманово загинаа осум полицајци и беа најдени 14 тела на припадници на терористичката група./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.