Црна хроника
Делчевчанец, од банкомат во Република Српска, испразнил туѓа картичка
Делчевчанец, неовластено навлегувајќи преку кумпјутерски систем во банка, од туѓа дебитна картичка за два месеци присвоил речиси 150.000 денари.
Делчевчанец, неовластено навлегувајќи преку кумпјутерски систем во банка, од туѓа дебитна картичка за два месеци присвоил речиси 150.000 денари.
Како што соопшти полицијата, против П.Д.(41) од Делчево поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Имено пријавениот во периодот од 20.05.-18.08.2015 година со цел за себе да прибави противправна имотна корист во 19 наврати искористувајќи ги податоците од дебитна картичка на име на лице од село Јакимово-виничко неовластено навлегол во компјутерскиот систем на банка во Делчево од каде во четири наврати од банкомат извадил 36.000 денари. Потоа, во 15 наврати од банкомати во Република Српска извадил пари во противвредност на 109.286 денари, со што се стекнал со противправна имотна корист од 145.286 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.