Црна хроника
Дрвокрадци претепале шумар, па со моторна пила нападнале шумски полицаец
– илустрација
Дрвокрадци со моторна пила нападнале припадник на Шумската полиција, откако претходно физички нападнале шумар во атарот на охридското село Долно Лакочереј.
Дрвокрадци со моторна пила нападнале припадник на Шумската полиција, откако претходно физички нападнале шумар во атарот на охридското село Долно Лакочереј.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б. (26) и Р.Ф.(23) двајцата од Охрид. На 12-ти овој месец околу 19 часот, пријавените физички нападнале шумар-вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а потоа и припадник на шумската полиција. Настанот се случил кај месноста „Тројанско поле“ во атарот на селото Долно Лакочереј каде шумарот В.Б. вршел контрола за противправна сеча на огревно дрво. Тој се обидел да запре патничко возило „Застава 101“ со охридски регистарски таблици кое било натоварено со огревно дабово дрво, а во кое се наоѓале двајцата пријавени. Тие, откако го сопреле возилото, веднаш му се нафрлиле на шумарот нанесувајќи му повеќе удари со раце и ноsе по целото тело, по што со истото возило избегале кон излезот на селото. По кратко време, нивното возило се обидел да го сопре И.С.- припадник на шумската полиција. Забележувајќи го службено возило на Шумската полиција, двајцата пријавени продолжиле да бегаат по друг пат и по кратко време, немајќи каде понатаму застанале во куќен двор. При излегување од возилото, пријавените се обиделе со моторна пила да го повредат шумскиот полицац ,по што веднаш избегале од местото на настанот. По преземени оперативни мерки, СВР Охрид ги пронајде и ги приведе И.Б. и Р.Ф. по што извршен е разговор со нив, а во присуство на Јавен обвинител и нивно препознавање од страна на двајцата оштетени. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.