Црна хроника
Двајца лекари биле под дејство на алкохол во болницата во Гевгелија
Двајца лекари од гевгелиската болница, според неофицијални извори од истрагата биле пијани во четвртокот вечерта кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.
Според информации на Сител, ова го потврдиле анализите на крвта каде е пронајдено присуство на алкохол.
Овие резултати веќе се доставени до велешкото обвинителство кое го води случајот и од каде денеска на распит повикале еден од лекарите, наведува телевизијата.
Уште пред да ги добијат резултатите, внатрешна комисија од болницата донела одлука и двајцата анестезиолози да бидат суспендирани од работа, вели во изјава за Сител директорот на болницата.
Нема да одат на работа додека трае истрагата. Во меѓувреме, поради немање на кадар сите операции во гевгелиската болница се откажани и се препраќаат во Струмица. Во понеделник ќе има и седница на стручен совет кои, според информации на Сител, можат да одлучат за отказни решенија на лекарите.
Според официјалните информации од Обвинителството, во тек е истражна постапка со прибирање на податоци со цел да се утврди дали постои лекарска грешка за смртта на Маја и нејзиното новороденче.
Вчера сопругот на почината родилка најави дека и самиот ќе ја бара правдата. Се сомнева на лекарска грешка бидејќи неговата сопруга имала уредна бременост и ништо не навестувало за трагичниот крај.
Паралелно на случајот работи и комисијата што ја формираше министерството за здравство. Од таму изјавија дека имаат обемна документација и целта е да проверат дали за време на породувањето лекарите ги почитувале протоколите. /крај/с/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.