Црна хроника
Еден убиен и двајца ранети во пукање во Тетово
Едно лице е убиено, а други две лица се здобиле со прострелни рани по престрелка по расправија којашто во петокот ноќта во Тетово, соопшти во саботата СВР Тетово.
Инцидентот се случил околу 23,30 часот во петокот во Тетово на улицата „188“ по претходна расправија меѓу тетовците 33-годишниот А.Б. и 30-годишниот Б.М. од една страна, и од друга страна 37-годишниот Х.М., М. Х. на 34 и Х.К. на 39 години, од друга страна, кога осомничениот со иницијали Б.М. во еден момент од огнено оружје почнал да пука кон другите тројца при што Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. се здобиле со прострелни рани во пределот на нозете. Тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на обвинителството телото на починатиот е предадено за обдукција.
Тетовската полиција соопшти дека во моментов се работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.