Црна хроника
Еден загинат, шест повредени во две сообраќајки на делницата Скопје- Тетово
Едно лице загина, а шест се повредени во две одделни сообраќајки што во саботата се случија пред Тетово.
Едно лице загина, а шест се повредени во две одделни сообраќајки што во саботата се случија пред Тетово.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која околу 20:15 часот се случи после наплатната рампа Желино на автопатот Тетово – Скопје.
Според првичните информациите, возач управувајќи со својата „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот и починал на лице место.
Претходно на истиот автопат, но од страната од Скопје кон Тетово, возило се преврте при што шест лица, од кои две деца, се здобија со повреди
Возило со неготински регистарски таблички, од засега непознати причини излетало од патот. Според полицијата со возилото управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани.
Петмина од патниците по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, биле префрлени на скопските клиники. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.