Црна хроника
Еднa година затвор за возачот на камионот кој прегази девојче, и двајцата поминале на зелено
Возачот на камионот Раде В. кој во октомври минатата година со камион прегази дванаесетгодишно девојче помеѓу скопските населби Хром и Влае, е осуден на ена година затвор и му е изречена забрана од една година за управување со моторно возило.
Вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но бидејќи возачот во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.При носење на пресудата, Судот предвид ги зел олеснителните околности како што се: признавањето вина од страна на обвинетиот, искреното жалење и каење, неговата тешка материјална, здравствена состојба и тоа што никогаш не бил осудуван.Во својот емотивен исказ пред Судот обвинетиот изрази сочувство до семејството и побара прошка. „Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка“, рече обвинетиот.Во појаснувањето на пресудата, Судот рече дека вештачењето покажало дека и возачот и девојчето поминале на зелено светло, но при вртењето на камионот настанал мртов агол од кој Раде В., поради висината на камионот, не можел да го види девојчето, кое почнало да го преминува пешачкиот премин. Но Раде В. во исказот кажал дека пред семафорот го видел девојчето дека стои на тротоар и поради тоа, како што рече судијата, требал со максимална внимателност да го продолжи движењето.Нему му се судеше за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кое според законот е предвидена затворска казна од една до пет години./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.