Црна хроника
Експлозии во близина на полициските станици во Тетово и Куманово
Експлозии се слушнале синоќа во близина на полициските станици во Тетово и Куманово.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во двата случаи не се работи за бомби, туку за некакви експлозивни направи за кои вештачењето треба да покаже за што точно станува збор.Од МВР информираат дека синоќа околу 20 часот било пријавено дека се слушнала експлозија во близина на полициската станица во Тетово, но велат дека експлозијата била надвор од оградата на Секторот за внатрешни работи во Тетово. На лице место било констатирано дека не е направена материјална штета, на патеката со бетон била забележано оштетување од околу пет – шест сантиметри. Во Куманово во 20.30 часот, исто така, било пријавено дека во близина на полициската станица се слушнала експлозија. Оштетено е приватно вопзило кое било паркирано во близина на станицата. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.