Контакт

Црна хроника

Фатени дилери на дрога, поткупувале полицајци и судии

Објавено пред

Криминална група која делувала во Македонија, но и на меѓунардоно ниво, е разбиена во полициската акција „Брана“ којашто е организирана во рамките на оперативната акција „Мрежа“ за сузбивање на дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Полицијата има разузнавачки информации и докази кои укажувале на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството. „Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување на финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимините законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР, во насока на сузбивање на оваа криминална група. Во текот на истражувањето преку меѓународна полициска соработка обезбедени се информации дека членови на криминалната група делувале и на меѓународно ниво, за што дополнително се превземаат мерки околу документирање на нивните прекугранични криминални активности поврзани со недозволена трговија со дрога и перење пари“, соопштуваат од МВР.Тројца организатори на групата во перидот од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога, марихуана, кокаин и екстази на територијата на Македонија. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите.Во оваа акција осомничени се седум лица, односно против нив е поднесена е кривична пријава. Пет од осомничените лица се обезбедени, едно лице против кое ќе биде поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по уште едно лице се трага.Од извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења. Кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдена е  бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и прозирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 мм, мобилни  телефони како и други предмети. Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети. Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години,  пронајдени се  две полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага  и  49  банкноти во апоени од 1000 денари. Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и ПМВ Мерцедес со скопски регистарски ознаки.Инаку досега во рамки на криминалистичко истражување „Брана“, во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица при што запленети се над четири килограми марихуана, семки  од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, над девет грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 мл масло од Хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група делувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово

Објавено пред

Од

Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.

По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра

Објавено пред

Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.

dobivaj vesti na viber

„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде

Објавено пред

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија15 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија16 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија17 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија17 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија18 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа19 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија19 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион20 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет20 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија20 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија21 час

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија21 час

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион22 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет22 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет22 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион23 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион24 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија2 дена

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија2 дена

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...