Црна хроника
Филмска бркотница со возила на автопатот Гевгелија-Скопје
Филмска бркотница меѓу полициски возила и автомобили управувани од тројца грчки државјани, кои шверцувале мигранти, се случувала на автопатот Гевгелија-Скопје.
Полицијата успеала да им го попречи патот и да ги фати, по што поднела кривични пријави против тројца грчки државјани А.П.(40), К.Т.(34) и П.Р.(50), како и против непознато лице за сторени кривични дела – “криумчарење мигранти“.
Имено, пријавените по претходен договор прифатиле и превезувале лица со илегален влез и престој во Р.Македонија, а првопријавениот и второпријавениот биле во улога на преходница (чистачи). Горенаведените прифатиле ги превезувале илегални мигранти во близина на Гевгелија, со намера да ги превезат до Скопје. Но од страна на цивилниот тим од РЦ за ГР Југ кај место викано Градец на магистралниот пат Удово-Неготино во правец на Неготино забележани се три возила со грчки регистарски таблички, и истите штом го забележале полициското возило веднаш ја зголемиле брзината на движење во правец на Неготино при што напред одело возило марка “мазда 6“ кое веројатно било во улога на “чистач“ а по неа се движеле возило “опел вектра“ и “ауди 4“.
Од страна на полициските службеници на истите на соодветно место пред Неготино им бил даден светлосен (ротационен) знак за застанување, но возилата не постапиле по наредбата туку напротив ја зголемиле брзината на движење притоа наишле на патролата која била поставена на клучка Неготино каде од страна на полицајците со светлосни стоп палки им бил даден знак за застанување. Во тој момент „маздата“ која била напред нагло а кон полицајците, па тие скокајќи преку заштитната ограда спасувале живот. Понатаму возилото присилно застанало бидејќи патот му бил попречен од друго полициско возило.
При контролата е утвдено е дека “маздата“ ја управува А.П., а како совозач бил второпријавениот К.Т. Другите две возила и покрај обидот да им биде попречено натамошното движење, продолжиле со бегство при што “аудито“ ненадејно и брзо свртело десно и преку бензинска пумпа се приклучило на стариот пат Неготино-Демир Капија каде на отприлика 200 метри во непосредна близина на Железничката станица било престигнато од страна на возилото на РЦ за ГР Југ и му било попречено натамошното движење по што возачот, односно третопријавениот П.Р. бил лишен од слобода и при извршениот преглед на возилото внатре биле пронајдени шестмина илегални мигранти (петмина од Ирак на возраст од три до 27 години, како и едно лице сириски државјанин на возраст од 25 години).
Третото возило “опел вектра“ продолжило со бегство во правец на Градско по автопатот при што од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ и ПС за ГН Михајлово била продолжена потерата. Ова возило потоа на клучка Градско се исклучил од автопатот и продолжил со бегство кон Велес по стариот пат. Во Градско непосредно пред полициската станица од страна на полицаец од ПС Градско му бил даден знак за застанување, но тоа не застанало и продолжило со движење со уште поголема брзина. Кај клучка за село Виничани возилото запрело и од него излегле, односно биле истуркани, исто така шестмина илегални мигранти (сите од Ирак на возраст од три до 46 години), по што возилото продолжило во непознат правец.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

