Црна хроника
Го држел сопственото дете како заложник и два часа не дозволувал полицијата да изврши претрес
Жител на скопското село Раштак два часа не и дозволувал на полицијата да изврши претрес во неговиот дом и со пушка во рацете се заканувал дека ќе пука кон полицајците и во сопственото дете ако влезат во неговиот дом, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил на 2 овој месец, кога полицијата дошла пред домот на четириесет и тригодишниот скопјанец за да направи претрес бидејќи имале сознанија дека чува голема количина на оружје и муниција.
Но кога полицајците заедно со специјалната единица „Алфи“ затропале на влезната врата на осомничениот, тој се појавил на еден од прозорците со неговата сопруга и малолетното дете во раце, вперил пушка во полицијата и им се заканил дека ако се обидат да влезат ќе пука и во нив и во сопственото дете, по што со мебел ги забарикадирал двете влезни врати од куќата.
По два часа преговарање, осомничениот се согласил да го пушти внатре во куќата еден од полициските службеници на Единицата за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи. По влегувањето на полицискиот службеник во куќата, во првиот момент кога осомничениот се оддалечил од сопругата и детето, бил совладан и доведен во послушност.
При претресот во неговиот дом пронајдени се пушка „М-48“ кал. 7,9 мм, пушка “Чешка Збројовка“ кал. 22 мм со оптика „ГАМО“ 4х20 TV WA; ловечка пушка „ЦЗ“ кал. 12 мм, автоматска пушка непозната марка и калибар, револвер непозната марка и калибар, пиштол „ЦЗ М-70“ кал. 9 мм и рамка со пет куршуми за истиот, воздушна пушка „МЕТЕОР“ В3 кал. 4,5 мм , воздушна пушка „ГАМО“ кал. 6,35 мм, 131 парче различен калибар на муниција, 31 парче боева муниција, делови за различни типови на оружје и машинка за полнење патрони.
Осомничениот е приведен и одреден му е притвор во траење од 30 дена. Ќе одговара за “спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје или со распрскувачки материјали“.
Тој во деведесетите е двапати кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и пушка, а во разговорот одбил да даде појаснување од каде и како се набавени пронајденото оружје и муниција во неговиот дом./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

