Црна хроника
И се заканила дека нема да си го види детето ако не и врати стар долг

Валандовчанка и се заканила на својата сограќанка дека нема да си го види дететот доколку не и врати заостанат долг, соопшти во саботата МВР.
На 14.08.2014 година во 06,20 часот во Валандово, на автобуската станица, Ж.К. од Валандово, со уште едно непознато лице го земала детето на Д.К.(31) од Валандово, со намера да го превезе до Битола, а истата требала да оди во Охрид.
Откако тргнала кон Битола, истата застанала и побарала од Д.К. да и врати некој заостанат долг и додека не го стори тоа, нема да го види детето.
Откако се договориле, Ж.К. го вратила детето на автобуската станица во Валандово и заминала да се договори со нејзините родители за парите, по што го земале детето, а кај Ж.К. останале патните торби.
Од страна на УПС од ПС Валандово преземени се мерки, обавени се разговори и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.