Црна хроника
Инфекција причина за смртта на бремената жена на Клиниката за гинекологија?
Тешка инфекција во комбинација со шеста високоризична бременост најверојатно се причините за смртта на 38-годишната бремена жена на Клиниката за гинекологија и акушерство, во неделата.
Тешка инфекција во комбинација со шеста високоризична бременост најверојатно се причините за смртта на 38-годишната бремена жена на Клиниката за гинекологија и акушерство, во неделата.
Како што соопштија од Клиниката, во неделата, во 20.10 часот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје настапил смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со шеста високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец) со прснат воденик, при што истекуваше гнојна содржина од матката со непријатен мирис, како и сите тешки знаци на инфекција.„Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од ГАК, и анестезиолози од Карил, како и на раководниот тим на ГАК кој беше повикан и присутен на клиниката“, се вели во соопштението од Клиниката за гинекологија. Семејството на пациентката било во целост навремено информирано за состојбата на пациентката, но и покрај сите заложби на персоналот, за жал, дошло до смртен исход. „Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состана за овој случај со цел да се направи увид во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури“, се додава во соопштението.Од Клиниката порачуваат да се почека на обдукцискиот наод од релевентните институции како доказ за дефинитивна причина поради која настапила смртта.Во само неколку дена ова е втора бремена жена која го загуби животот. Претходно, во болницата во Гевгелија починаа 32-годишна жена и нејзиниот плод, најверојатно поради лекарска грешка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

