Црна хроника
Истрага против седум вработени во Управата за животна средина
Основното јавно обвинителство– Скопје, постапувајќи по кривична пријава на Одделението за сузбивање организиран криминал во МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 7 лица, поради постоење основано сомневање дека извршиле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.
Првообвинетиот управител на правното лице, со умисла ги поттикнал останатите обвинети, како службени лица вработени во Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, да ја искористат својата службена положба и овластување и да му прибават на правното лице значителна имотна корист во вкупен износ од 626.758.506,00 денари, во постапките за добивање дозволи за складирање, третман и/или преработка на отпад и дозвола за оператор на депонија, иако не ги исполнувал потребните услови,Имено, првообвинетиот на 24.09.2009 година до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ поднесол барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во кое внесол лажни податоци и не приложил комплетна документација, со што ги навел второобвинетиот, шестообвинетиот и седмообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што постапувајќи по барањето го прифатиле како уредно и покрај тоа што не била доставена целосна законски предвидената документација .Воедно, во постапката за издавање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање првообвинетиот со умисла ги навел второобвинетиот, третообвинетата, четвртообвинетиот и петтообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист.Основното јавно обвинителство, откако ги сослуша осомничените лица, на 13.01.2014 година до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог за изрекување мерка притвор за прво и второ осомничените, како и предлог за изрекување мерки за претпазливост за тројца од другите осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, обврска за повремено јавување кај службено лице во судот и одземање на патните исправи, додека за двајца од овие тројца осомничени предложена е и мерката забрана за преземање одредени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно до судот е доставен и предлог за привремено одземање на имот и предмети заради обезбедување.Во тек е и преэемањето на истражните дејствија по овој предмет./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

